За проектот
Отворените податоци се важна алатка за транспарентност, отчетност и граѓанско учество. Иако Собранието располага со портал за отворени податоци, дел од податоците се објавени во технички формати кои се тешки за користење од пошироката јавност. Ова го ограничува нивниот потенцијал за информирање, анализа и јавен надзор.
Проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“ има за цел да ги приближи собраниските отворени податоци до граѓаните, медиумите, граѓанските организации, студентите и младите. Проектот комбинира развој на кориснички ориентиран dashboard, практична обука за користење на отворени податоци, дигитална кампања и застапување за одржливост на решението.
Преку проектот ќе се визуелизираат и систематизираат избрани податоци поврзани со пратенички прашања, платформата „Мој пратеник“ и канцелариите за контакт со граѓаните. Истовремено, проектот ќе ги зајакне капацитетите на корисниците за пристапување, толкување и користење на отворени податоци за следење на работата на Собранието и поттикнување поголема јавна отчетност.
Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Regional Support Mechanism EECA, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Digital Democracy Initiative (DDI), која го опфаќа Глобалниот југ.